Агим Нухиу му се заканувал на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски

0
46

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски во неговото гостување во Отворено студио на Алфа телевизија изјави добивал закани од заменик министерот на МВР, Агим Нухиу откако беше објавено како Нухиу незаконски се стекнал со професорско звање на Тетовскиот универзитет.

Илиевски на прашањето дали добивал закани откако го објави скандалот за функционери од ДУИ како се стекнувале со наставно научни звања вели дека добивал закани по неговото семејство од страна на Нухиу и дека тоа се ниски работи од страна на еден заменик министер.

– Се закануваат, пази имаш семејство внимавај, имаш деца. Да има и такво нешто. Тоа е ниска работа, тоа се ниски работи кога ќе слушнеш од заменик министер за внатрешни работи, потенцираше Илиевски.