Ако планирате одмор во Грција оваа локација треба да ја избегнувате- еве и зошто

0
12

Изминатиот период во неколку наврати македонски автомобили беа демолирани и искршени во Грција. Решавањето на проблемот со името за жал не го реши проблемот со однесувањето на Грците кон македонските туристи.

Статистиката и искуствата покажуваат дека Грците се коректни кон нас, но има места каде што во последно време зачестено се случуваат инциденти.

Една од тие локации се наоѓа на прв крак. Сивири е убаво мало и мирно место, но според искуствата на туристите ова мало градче е локација која треба да ја избегнувате доколку ова лето планирате да летувате во Грција.

Изминатиот период во неколку наврати се случиле посериозни инциденти каде возила биле оштетени и била причинета материјална штета.

Извор: kurir.mk