Антиталенти за љубовни врски: Овие хороскопски знаци опасно флертуваат, но не знаат да одржат врска

0
116

Некои личности едноставно не сакаат да одолеат на искушенијата и тешко остануваат во врска.

Понекогаш во процесот има и повредени, но ако судиме според припадноста на хороскопските знаци, на овие тројца сочувствителноста честопати не им е силна страна.

Припадниците на овие три хороскопски знаци опасно флертуваат, но не знаат да одржат љубовна врска.

БЛИЗНАЦИ

Најкокетни во целиот зодијак, Близнаците живеат за да бидат центар на внимание и мета на копнежи. Флертуваат и заведуваат со невидена леснотија и тешко може да се одолее на нивниот шарм и интелигенција. Секогаш се ставаат себе си на прво место и тешко им е да направат простор во својот живот за некој друг. Барем се искрени и нема да ве наведат да си мислите дека има тука нешто посериозно од авантура.

ОВЕН

Луѓето родени во знакот на Овен се најмногу склони на неверство. Имаат изразена сексуална енергија и лесно потклекнуваат на искушенија. Флертуваат на сите страни и секогаш наоѓаат „жртва“. Сепак, брзо „прегоруваат“ и се враќаат на партнерите. Им требаат приземјени партнери кои нема да ги толерираат нивните „излети“.

СКОРПИЈА

Скорпиите се многу директни во нивната комуникација, што може да им пречи на луѓето околу нив, особено на љубовните партнери. Верни се во врската, но тешки како партнери – ретко кој може да ја издржи нивната искреност без филтер. Ретко прават компромис, но барем се истрајни во тоа што го намислиле. Флертуваат мистериозно и примамливо – нивната магнетска привлечност е неодолива.