Арсовски: Бизнисот на фирмите на вицепремиерот на владата на СДСМ, Кочо Анѓушев цвета и тоа со народни пари

0
51

Во услови кога економијата во Република Македонија крахира, кога граѓаните осиромашуваат, бизнисот на фирмите на вицепремиерот на владата на СДСМ, Кочо Анѓушев цвета и како по обичај, и тоа цвета со народни пари, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Анѓушев можеби не знае да најде решение кое би ја подобрило македонската економија, но затоа успеа да најде идеален начин како производите од неговите фирми да бидат набавувани на сите тендери во државата, а тој воопшто да не конкурира на јавните набавки распишани со народни пари. Последниот скандал во кој вицепремиерот Кочо Анѓушев е повторно замешан во случајот со набавки на возила за метење на улици од типот „Грин Машинс“ произведени од неговата фирма „Брако“ Велес. Имено вкупно 240 илјади евра народни пари за половина година се инкасирани во џебот на Анѓушев преку фирмата „САНДРА-М Љупчо ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци”, која е дистрибутер на овие метларки, идеална шема за собирање на народните пари. Јавноста алармираше дека четири Комунални претпријатија склучиле договори за набавка на метларките на Кочо Анѓушев, а тоа се ЈП „Исар“ од Штип, „Плавија” Радовиш, Паркинзи на Општина Центар, ЈП „Водовод” Кочани исто така преку дистрибутерот на метларките на Анѓушев од Кавадарци, потенцира Арсовски.

Тој додава дека дека Кочо Анѓушев за овие возила веќе еднаш од државата доби бенефиции, односно царински поволности за литиум-јонски батерии за електрични возила произведени од „Брако“, а сега и општините се подредени на список за набавка на овие возила токму од фирмата на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

-За Анѓушев овде нормално нема ништо спорно, бидејќи набавката на овие возила била јавен интерес, а одлевањето на буџетските пари на граѓаните на негово конто било позитивно затоа што на тоа дополнително се наплаќало и трговската маржа. Ова е веќе трагично, набавката на возила вакви со народни пари кај вицепремиерот не е од јавен интерес туку е единствено од интерес на Кочо Анѓушев. Ни срам, ни перде,а богами ни одговорност не гледаме кај Кочо Анѓушев. Метларка треба да почне да се вози на Илинденска, конкретно од Владата и тоа што е можно поскоро. Да почне од Анѓушев, Заев и Тевдовски, луѓето што ја упропастија економијата и кои што единствено работат за нивно лично богатење, додава Арсовски.