Ахмети го свика претседателство на ДУИ

0
26

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, свика седница на Централното претседателство на партијата.

Од ДУИ информираат дека седницата ќе се одржи денес со почеток во 15 часот во партиското седиште во Тетово.

-На седницата ќе се говори околу четвртиот изборен конгрес на ДУИ, идните програмски определби и статутарни промени, се наведува во соопштението од партијата.