Ахмети: Проблемот со СЈО треба да го решаваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

0
38

Проблемот со Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да го решаваат двете најголеми македонски партии, изјави денеска претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети. Тој додаде дека со ветинг и проверка на кадрите државата ќе биде поуспешна во борбата против криминалот и корупцијата.

Проблемот за СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии. Го поддржуваме законот, ги поддржуваме сите реформи во судството. Неопходно е во оваа држава да има ветинг, да има проверување на кадрите посебно на тие што се задолжени за чување на редот и мирот, бидејќи само така ќе бидеме поуспешни во борбата против криминалот и корупцијата, изјави Ахмети одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на спортска сала во ОУ „Реџеп Вока“ во Шипковица.