Ај брусете сега

0
158

Откако пред неколку дена започна и бришењето на симболот на поранешното знаме – Сонцето од Кутлеш од обележјата на јавните институции, објекти и јавните површини, впечатливо е дека тоа се менува и на шахтите во цела држава.

Па, така, граѓаните смислија начин како да се спаси 16-кракото сонце (засега на шахтите) – и како надлежните да брусат повторно.

Оваа обврска е регулирана во член 8 став 3 од Преспанскиот договор во кој е посочено дека: Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба”.