Бездомничка со ангелски глас – дознајте како завршила на улица

0
47

Видеото кое на социјалните мрежи го сподели полицијата од Лос Анџелес, на кое тие снимија една бездомничка како со ангелски глас пее во метрото, стана вирален хит на интернет, а за жената се заинтересираа и медиумите.

Се започна кога полицијата објави на Твитер клип од жена со вреќи во рацете додека пее во метрото.

„Четири милиони луѓе го нарекуваат Лос Анџелес дом. Четири милиони приказни. Четири милиони гласови…Понекогаш мора да замолчите и да слушнете еден глас за да чуете нешто прекрасно”, напишаа полицајците со снимката.

Потоа, беше откриено дека жената се викала Емили Замурка и има 52 години. Родена е во Русија и научила да свири виолина и пијано во музичко училиште. Таа пристигнала во САД на 24-годишна возраст и првично држела часови по виолина. Наскоро, здравствените проблеми и огромните сметки во болницата ја погодиле и таа заработува за живот свирејќи на улица. Откако и била украдена виолината вредна 10,000 американски долари, била исфрлена од станот на улица.

„Спиев каде и да можев. Улиците беа безбедни. Бог ме заштитуваше“, изјави таа за медиумите.

Среќна е што полицијата ја снимила затоа што слушнала многу прекрасни коментари за нејзиниот глас. Но, коментарите не се единственото нешто што таа го доби. Започнати се неколку хуманитарни акции за помош.