Божиновски: Смешно е власта да протестира сама против себе, но не е прв пат – тие го контролираат судството

0
72

Смешно е власта да протестира сама против себе истакна политичкиот аналитичар Владимир Божиновски на телевизија „Алфа“ коментирајќи го „Маршот за правда на СДСМ“.

Тој напоменува дека ова не е прв пат и ја потсети јавноста дека власта претходно протестираше самата против себе за загадувањето. Божиновски е убеден дека власта го контролира судството наведувајќи неколку примери.

-Боро Марлборо беше ослободен после 3 месеци иако беше под условна пресуда што требаше автоматски да значи затворска казна од три години. Да не го заборавиме најважното – онаа спрега на Катица Јанева со структури од кои дел се политички и одредените шпекулации и сомневања, има веќе и политичари од власта кои се обвинети за инволвираност. Тоа треба допрва да се расплеткува и не само што не сум убеден дека судството е независно од власта напротив мислам дека власта го контролира судството, вели тој.

Божиновски исто така ја спомена ослободителната пресуда за Зоран Заев за случајот „Поткуп“ во кој како градоначалник на Струмица бара 200 илјади евра за приватизација на земјиште, од кои половината би биле за изградба на црква. (Пола за Виц’то, пола за црквата).