Бои кои ќе ви го разубават денот: 8 локации кои ќе ве маѓепсаат со нивното шаренило

0
97

Ситуацијата е таква што уште некое време можеме да заборавиме на патувањата ширум светот. Сепак, никој не може да нѝ забрани да фантазираме, зарем не?

Понекогаш е доволно само да погледнеме неколку фотографии за да се чувствуваме подобро, особено кога пред нас се вакви бои и шаренила.

Доколку сте љубител на невообичаени локации, можеби треба да ги запишете имињата на овие места на вашиот список за патување. Во продолжение, погледнете ги 8-те прекрасни и најшарени градови на светот:

Просида, Италија

Просида е мал остров сместен помеѓу ртот Мисено и островот Ишчија. Стариот фолклор сугерира дека зградите во пастелни бои биле сликани на овој начин за рибарите да можат да ги препознаваат своите куќи додека биле на море.

Копенхаген, Данска

Ова живописно место некогаш било дом на познатиот писател Ханс Кристијан Андерсен. Денес подрачјето е опкружено со врвни кафулиња и ресторани во кои луѓето можат да уживаат во фини оброци покрај крајбрежјето додека ги гледаат дрвените чамци како се провлекуваат низ каналот.

Сент Џонс, Њуфаундленд, Канада

Самиот центар на градот се нарекува „Jelly Bean Row“ (Ред од гумени бонбони), токму поради карактеристичните бои на зградите. Сепак, вистината е дека ова не е единствената шарена улица во Сент Џонс. Всушност, повеќето куќи се изградени на истиот начин.

View this post on Instagram

A post shared by Alex Snook (@acsnook)

Изамал, Мексико

Жолтиот град ќе ве привлече со својата убавина, а специфичната нијанса ја нагласува архитектурата на градот. Изамал е познат и по необичниот пазар во центарот на кој можете да купите стандардни производи, но и да го пробате нивниот широко познат специјалитет – тако со еленско месо.

Вилемстад, Куракао

Овој карипски остров покрај брегот на Венецуела е еден од островите на Малите Антили и е дел од Кралството Холандија. Тој со добра причина е дел од светското наследство – зградите на овој остров се со светли нијанси, во бои на скапоцени камења. Приказната зад овие живописни структури датира од 19 век. Холандскиот генерален гувернер Алберт Кикерт страдал од мигрена кога ја гледал силната сончева светлина како се рефлектирала од белите згради, типични за оваа област. За таа цел, Кикерт наредил сите згради да бидат обоени во која било друга боја освен бела, за да може да спречи појава на главоболки.

Бо Кап, Кејптаун, Јужна Африка

Ова живописно предградие, сместено во подножјето на брдото Сигнал, е многу интересно место. Архитектонскиот стил во оваа област е комбинација на ртот Џорџијан и Кејп Дач. Областа ја посетуваат бројни патници од целиот свет, најмногу поради фотографирањето на овие живописни куќи.

Бурано, Италија

Некои ќе кажат дека Бурано е засенет од Венеција на некој начин, но факт е дека ова место сè повеќе го привлекува вниманието на туристите ширум светот. Островот всушност функционира според строга шема на бои, каде што локалното население ги координира и одобрува боите и обоените домови.

Ла Бока, Буенос Аирес, Аргентина

Ла Бока е позната по своите карактеристични разнобојни дрвени куќи. Оваа област е всушност дом на уметнички колонии кои настапуваат на нејзините улици. Ла Бока во голема мера е познат и по своите танцувачки перформанси. „Ел Каминито“ – „Мал премин“ е центар во кој туристите од целиот свет можат да дојдат и да уживаат во уличните настапи, да купуваат ситници и сувенири или да ги разгледаат знаменитостите и да ѝ се восхитуваат на околината.