Боки 13 по стапките на светските ѕвезди: Тој и Кристијано Роналдо во моден двобој (ФОТО)

0
39

Бојан Јовановски алијас Боки 13 веќе цел месец е главна тема во медиумите поради случајот „Рекет“.

Па така откако беше уапсен заедно со Зоран Милевски (Кичеец) бидејќи барале пари од бизнисменот Орце Камчев, медиумите објавија и фотографии и видеа од моментот кога Боки ги подига парите од Орце и тоа во „Луј Витон“ чанта.

На неговиот Инстаграм веднаш ќе забележите дека Боки 13 е опседнат со скапоцени брендови.

Покрај бројните модни парчиња од најпознатите дизајнерски куќи Боки има и еден џемпер со кој покажа дека има ист вкус како Кристијано Роналдо.

Во прашање е џемпер од „Балман“.

Боки овој моден детаљ го носеше со мокасини и беж тесни панталони.

Што се однесува до цената на овој џемпер од познатата модна куќа, во прашање е моделот „Balmain Union Jack Linen and Cotton-Blend Sweater“ за кој треба да издвоите преки 1000 долари доколку сакате да го имате.

Извор: kurir.mk