Боки 13 сакал да биде заштитен сведок имал зaкaни од високи функционери

0
115

Пред да стане првообвинет во аферата со „Меѓународниот сојуз“, Бојан Јовановски побарал да биде заштитен сведок, дознава ТВ24. Тој се понудил на обвинителството да стане соработник на правдата откако пријавил дека добива закани за ликвидација. Но, Боки 13 не го доби овој статус, туку напротив стана првообвинет за измама и перење пари во неговата невладина организација, пишува тв 24.

Според информациите на тв 24 , Јовановски не посочил кој му се заканувал и кога бил прашан од кого трпи притисоци одговорил “НН лица (непознати лица)”. Сличен одговор дал и за дејствијата против него, односноне посочил конкретни случаи.

Обвинителката Вилма Русковска не сака да коментира ништо во врска со овој случај. Од друга страна Сашко Дукоски, адвокатот на Јовановски во изјава за медиумите вчера потврди дека заканите доаѓале од високи претставници во државата, но дека во јавноста не смее да сподели ништо.

Јовановски за време на вчерашното рочиште најави дека сите доверливи информации сака да ги сподели со републичкиот обвинител Љубомир Јовески . Обвинителот во телефонски разговор вели дека до сега не добил такво барање. Додека е во притвор Јовановски еднаш му испратил писмо на Јовески во кое му се пожалил за влошената здравствена состојба.

Но, што сака да сподели Јовановски и за кого сака да зборува со јавиот обвинител засега останува енигма. Исто како последната дестинација на милионот од Луј Витон ташната која му ја наполни Орце Камчев. Јовановски најави дека камерите од домот на неговите родители ќе го разјаснат тоа прашање. Останува дилема и дали и кој сака политички да ја елиминира Фросина Ременски. Таа тврди дека обвинението против неа е конструкција, а нејзините сопартијци не се препознаваат во изјавата.

Дали ќе и се суди на потпретседателката на Собранието Ременски, Боки 13, неговиот татко и соработничките Јасна Мандиќ и Христина Блажевска допрва ќе одлучува кривичниот суд. Русковска ги гони за помагање на измамата на Боки 13 преку проектите за старечки домови, но и за делото перење на пари.

Извор: лидер.мк