Вакви огласи има само во „Северна”: Се бара конфекциски техничар на позиција референт за човечки ресурси

0
94

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Делчево, на страницата на Агенцијата за вработување објави оглас кој сведочи за еклатантна партизација и вработување на нестручен кадар во администрацијата.

Имено, од оваа државна институција објавиле оглас дека вработуваат референт, административец, кој ќе добива плата од 14.000 денари. Но во огласот пишува дека е потребно вработениот да биде „конфекциски техничар”.

Каква врска има квалификуван шивач или шивачка со завршено средно образование со административна работа, останува нејасно. Всушност, јасно е. Огласот е наместен.

Огласот можете да го погледнете на следниот ЛИНК.