Весна Петрушевска: Сè уште не се родил тој вистинскиот за мене

0
51

Познатата македонска актерка Весна Петрушевска во интервју за „Бекстејџ“ открила дека и ставила крај на својата последна љубовната романса и повторно е сингл, а зборувала и за тоа колку е ташко да се биде самохрана мајка.

Таа изјавила дека доколку би имала можност да го врати времето, не би променила ништо, затоа што токму тие лоши избори ја направиле да биде она што е денес.

Имав јас некои обиди во животот како тоа да го средам, но мислам дека се уште не се родил тој вистинскиот. Убаво е кога ти се случува некоја емоција која сакаш да ја живееш, но ќе почекам да дојде вистинскиот, ако воопшто некогаш дојде, вели Петрушевска.

Во бракот како институција вели дека повеќе не верува, а признава и дека е поприлично тешко во денешно време да се биде самохрана мајка. Со солзи во очите се постети и на еден немил настан од пред две години, кога нејзината ќерка Мина беше сексуално нападната од возрасен маж .

Успеав во оваа држава да кажам и докажам дека жртвата никогаш не е виновникот. Мина е супер, таа е среќно дете, додале таа.