(Видео) Балканската и светска кошаркарска легенда конечно во Куќата на славните – Како Владе Дивац ги воодушеви американците?

0
86

Легендата на српската кошарка Владе Дивац и официјално стана член на Куќата на славните кошаркари во Спрингфилд.

Дивац симболично во Куќата на славните на церемонијата го донесе Џери Вест, човекот кој го донесе во Лејкерс од Партизан во далечната 1989 година и стана еден од првите Европејци во НБА-лигата.

Српскиот великан одржа говор допирајќи го Балканот.

„Ние од Балканот сме како нефункционално семејство, можеме да се бориме и да се бориме, но на крајот, ние сме семејство. За мене, кошарката отсекогаш била само љубов“, рече меѓу другото, Дивац.

Исто така, тој се обиде да направи проекција за тоа како би било ако „големата“ Југославија не се распаднеше.

„И покрај политиката, војната и омразата што сакаа да нè срушат, тие не успеаја. Тие не знаеја дека нашата љубов е посилна од целата омраза што се обидоа да ја всадат во нас“.

Неговите зборови беа потврдени и со доаѓањето на Дино Раџа на оваа церемонија.

Владе, кој сега работи како генерален директор на Сакраменто, повеќе пати се шегуваше за време на говорот.

„Добро е што го имав Марк Флејзер како агент, за да заработам некои пари за време на мојата кариера“, додаде Дивац.

Тој им се заблагодари на соиграчите и тренерите во сите клубови, а особено на неговата сопруга, Ана.

За 16 сезони во НБА, тој играше за Лејкерс, Шарлот и Сакраменто.

Тој ја заврши кариерата во НБА-лигата со повеќе од 13.000 поени, 3.000 асистенции и 1.500 блокади по натпревар.

Погледнете го говорот на Дивац….