(Видео) ГОТОВО Е: Го имаме кошот на сезоната во НБА лигата!

0
45

Кошаркарот на Шарлот, Џереми Лемб постигна неверојатен кош во последната секунда за победа на својот тим!

Хорнетси токму со тој кош од повеќе од половина терен ја однесоа победата нагости кај Торонто со 115:114, а херој беше фантастичниот Џереми Лемб.

Торонто имаше предност од 114:112 на две секунди до крајот на натпреварот.

Хорнетси го имаа последниот напад, ја изведоа топката, но домашниот играч успеа да му ја избие од раката на Лемб, топката се врати на половина терен и кога сите помислија дека натпреварот е готов, бекот на тимот на Џордан од свртување некако ја исфрли топката и таа заврши во кошот….

Дали го имаме кошот на сезоната во НБА?