(ВИДЕО) Историскиот гол на Пандев номиниран за најубав во баражите од Лигата на нациите

0
65

Најзначајниот погодок во историјата на македонскиот фудбал, тој на Горан Пандев за триумф над Грузија, а со тоа и за пласман на Евро 2021, се најде во конкуренција за најубав гол од баражите за пласман на следниот континентален собир.

Прекрасната акција на „италијанската тројка“ Елмас, Несторовски и Пандев, не остана незабележано од медиа-тимот на УЕФА.

Покрај погодокот на нашиот капитен, УЕФА ги номинира и головите на Соболсаи, Кристи и Дуриш.

Номинираните голови можете да ги видите на следниот линк.