(Видео) Кабиб стана рекордер – Уште еднаш го одбрани појасот и против Пориер!

0
51

Русинот Кабиб Нурмагомедов го одбрани појасот во лесна категорија во УФЦ и стана нов рекордер 28-0!

Во Абу Даби, тој го победи американецот Дастин Пориер кој се предаде во третата рунда.

Кабиб од самиот почеток тргна во свој стил. Го фрли Пориер на под и се обиде брзо да заврши, но Американецот добро се бранеше.

Пориер добро влезе во втората рунда. Го погоди неколку пати Кабиб, но набрзо повторо беше фрлен на под каде што Кабиб имаше апсолутна доминација и контрола која му носеше бодови.

Во почетокот на третата рунда Пориер го нападна, Кабиб се ослободи и повторно превзема контрола над борбата и во оваа рунда го приморува Пориер да се предаде со полуга на вратот и ја одбрани титулата шампион во лесна категорија.

Ова беше прва борба во октагонот на УФЦ за Кабиб по онаа контроверзна борба со Конор и суспензијата и случувањата по мечот.

Погледнете го финишот на мечот…