(ВИДЕО) Како Заев ја спречи истрагата за корупцијa и никој не реагираше

0
111

Провладините медиуми и експерти вчера бурно реагираа на изјавата на Христијан Мицкоски дека ги поседува изјавите на сведоците во истрагата во случајот Рекет и дека во истите се споменуваат имиња на функционери од власта. Дури и беше посочено дека тоа преставува кривично дело, пишува Курир.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција за телевизија Телма предупредиле дека поседување на изјави од предистрага и наредби од истрага е кривично дело, бидејќи оној што ги дал тие документи не е свиркач, туку прави кривично дело. Многу е веројатно дека Обвинителството ќе го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да објасни како ги добил овие документи, велат од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Но ваква ажурност не покажаа пред 4 и пол месеци кога Премиерот Зоран Заев на телевизиско интервју сам призна дека тој лично е причината зошто се блокирала истрагата за фамозните двајца функционери во власта кои во 2017 година самиот Заев ги посочи како корумпирани и доден денес ниту се заврши случајот, ниту некој одговараше.

Веројатно со мојата транспарентност и коментар блокирав одредени истражни дејствија каде што сите си зимаа заштитни позиции и до крај не можеа да се докомплетираат истрагите- рече Заев во мај месец на интервјуто во емисијата Отворено на телевизија 24.

Со ова буквално самиот Заев лично признава дека го сторил кривичното дело за кое сега го обвинуваат Мицкоски. Во тој период ВМРО-ДПМНЕ побара од обвинителството по допрен глас и признание да интервенира, но 4 месеци нема никаква реакција од обвинителството. Овој скандал да биде дотолку поголем нема завршница и за разлика од изјавата на Мицкоски која не влијаела позначајно на истрагата, дејанието на Заев било причина истрагата да се сопре и осомничените да се спасат од казна, пишува Курир.

Извор: lider.mk