ВИДЕО: НБА-кошаркарот Осман со љубов кон Македонија и кон родниот Охрид

0
55

Џеди Осман, кој со македонското знаме на патиките настапи на олстар викендот во НБА неодамна, во сопствена видео презентација уште еднаш покажа љубов кон родната земја Македонија.

Играчот на Кливленд кавалирс дури и ќе проговори на македонски, како еден од четирите јазици што ги зборува покрај турскиот, српскиот и англискиот.

За омилено место за одмор, пак, репрезентативецот на Турција го посочува родниот Охрид.