(ВИДЕО) Паника во Порторико: Сред серијата земјотреси на небото се појави огнена топка

0
29

Сред ден на ведро небо се појави метеор над Порторико, и ги вознемири жителите на островот, кои веќе две недели ги тресат серија земјотреси.

Огнената топка беше снимена од сигурносни камери, а жителите сликаа.

Рафаел Ривера, фармацевт, рече дека не само што ја видел, туку и ја слушнал огнената топка, за кратко загрижувајќи се дека станува збор авион кој паѓа.

Метеорот беше видлив низ Порторико во петокот сред бел ден, рече Еди Ирисари, професор по астрономија во Порторико и потпретседател на Карипското астрономско друштво.

„Ова е прилично редок настан“, рече тој.

Ирисари рече дека метеорот бил видлив околу десетина секунди и дека претпоставува дека бил долг најмалку два метри затоа што оставил трага од чад.

Некои луѓе на социјалните медиуми објавија дека виделе како метеорот паѓа во морето крај брегот на главниот град Сан Хуан.

Официјални лица на главниот меѓународен аеродром во Порторико соопштија дека го снимале настанот со камера, но дека распоредот на летови не бил нарушен.

Настанот исплаши многумина на островот, кои секојдневно се соочуваат со последиците од земјотресот со јачина од 6,4 степени, во кој загина едно лице на 7 јануари и предизвика штета од околу 200 милиони долари по јужниот брег на островот.