[Видео] Русковска: Ќе има финансиска истрага и за други судии

0
7

На новинарско прашање дали Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе се вклучи во испитување на потеклото на имот на петтемина судии за кои ДКСК отвори предмет заедно со Финансиската полција, шефицата на оваа институција рече дека ќе отворат финансиска истрага и за други судии, а не само за судиите кои ја пуштија Катица Јанева во куќен притвор.

„Обвинителството во секој случај, ќе поведе финансиска истрага, а што ќе произлезе од тоа ќе видиме. Сега не би обелоденувала имиња“, рече Русковска.

ДКСК во март годинава отвори предмет за испитување потекло на имот на судиите од бомбите, но процесот со месеци е заглавен меѓу три институции.