(ВИДЕО) Фановите на Интер ги игнорираа мерките, масовно се славеше шампионската титула

0
97

И покрај забраната за групни собирања и мерките за социјална дистанца, илјадници навивачи на Интер со „сино – црни“ знамиња, димни бомби и пеење навивачки песни го „окупираа“ плоштадот пред миланската катедрала.

Повеќе од 30.000 навивачи на Интер бучно ја прославија во неделата вечер на најубавиот плоштад во Милано „Пјаца де Дуомо“ првата шампионската титула на нивниот клуб по пауза од 11 години.

Навивачката прослава почна спонтано набрзо откако второпласираната Аталанта ремизираше на гостувањето кај Сасуоло (1:1) што на Интер му донесе недостижни 13 бодови предност на четири кола пред крајот на италијанското првенство.

И покрај забраната за групни собирања и мерките за социјална дистанца, илјадници навивачи на Интер со „сино – црни“ знамиња, димни бомби и пеење навивачки песни го „окупираа“ плоштадот пред миланската катедрала.

-Ова е ослободување по едногодишно страдање, изјави еден навивач на Интер, додека друг додаде: „Денеака ја славиме титулата, утре ќе размислуваме за Ковид вирусот“.

Играчите на Интер титулата ја прославија на социјалните мрежи.

-Сонот стана стварност, напиша напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, кој објави на Инстаграм видео како вози низ градот со развиорено клупско знаме.

Творецот на шампионскиот Интер, Антонио Конте, рече дека ова е еден од најголемите успеси во неговата тренерска кариера.

-Среќни сме поради сите овие луѓе, кои работеа Интер да ја освои титулата. Ова е еден од најважните успеси во мојата кариера, изјави Конте.