Виц: Човекот и козичката

0
50

Се разболел еден човек од тешка болест и докторот му предвидел 3 месеци
живот. Ама му рекол дека ако сака да поживее малку повеќе, да си земе една
козичка, и да замине да живее на планина на чист воздух и мир. Го послушал
човекот и после 2 месеци доаѓа пак кај докторот, насмеан до уши.

– Докторе, јас го послушав твојот совет, отидов да живеам на планина со една
козичка и секое утро, напладне и навечер си правам попара, а некој пат дури
и директно од козичката ќе легнам под неа додекаа таа пасе и си молзам
млекце, оти ми е многу вкусно. И еве ме сега жив и пукам од здравје. Само
сега козичката нешто не ми е добра, се разболе и не знам што и е, па ја
водам да видиш, можеш ли некако да помогнеш.

Ја поразгледал докторот убаво, помислил, помислил, пак ја поразгледал, барал
нешто во некоја голема книга, пак ја погледнал козата и конечно му рекол на
човекот:

– Абе пријателе, гледај сега. Јас не сум баш ветеринар, не се разбирам
многу, ама ова е прч бе, друже.

Извор: taratur.mk