Владата ќе одржи седница

0
18

Владата денеска во 12 часот ќе ја одржи редовната 47-ма седница со повеќе точки на дневниот ред.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, на денешната седница пред министрите ќе се најде Информацијата за Проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективната социоекономска интеграција на (Ромите) повратници од Западен Балкан“.

Целта на Проектот е унапредување на капацитетот на западнобалканските земји на централно и локално ниво за спроведување сеопфатни модели за реинтеграција на повратниците и предвидува поопширна агенда за социјална инклузија и надминување на изворните причини и фактори за миграција на Ромите и ранливите популации.

На денешната седница, меѓу другото, на дневен ред е и Предлог-програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, поднесена од Министерството за локална самоуправа, со која се уредува распределбата на средствата за поттикнување рамномерен регионален развој на Република Северна Македонија, утврдени во Буџетот за оваа година.