ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати попис каков што понуди власта

0
46

ВМРО ДПМНЕ нема да го прифати пописот на населението во форма која го предлага СДСМ, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој гостуваше во емисијата „Отворено“ на телевизијата „24“.

Во него има многу нелогичности кои не се совпаѓаат со ставовите и барањата на ВМРО-ДПМНЕ. Неопходно е тој да биде одложен. Ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме околу 28 интервенции околу изработката на моделот за пописот кои се доставени до тимот кој што преговара од страна на СДСМ во врска со пописот.

Од доставените 28 интервенции, прифатени се три или пет кои се помалку суштински, а повеќето суштински барања или интервенции беа одбиени, рече Мицкоски.

Тој додаде дека според сите препораки на „Еуростат“ се препорачува пописот да се одржи во првата година од почетокот на новата декада, а не како што кај нас во моментов се практикува, на крајот од декадата.

Извор: republika.mk