ВМРО-ДПМНЕ: Постои сомнение дека со парите од ограбената банка ќе се купуваат гласови

0
76

Нервозата кај Заев и Пендаровски од неминовниот изборен пораз е сѐ по очигледна, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде посочуваат и дека активисти на власта веќе јавно пред камери се закануваат дека со пиштоли ќе влезат во ДИК.

–Скандалозно е однесувањето на власта, која соочена со пораз губи контрола. Пендаровски и Заев знаат дека губат и затоа и се закануваат. Криминалитетот е зголемен. На само неколку дена пред избори од банка во Скопје одземени се 150 илјади евра, а Спасовски молчи и се уште ги нема пронајдено разбојниците, се наведува во партиското соопштение.

Од опозициската партија нагласуваат дека постои основано сомнение во јавноста оти овие пари ќе бидат искористени за купување на гласови.

–Поразот на Пендаровски кој е повеќе од јасен придонесе власта да прибегне кон криминални методи. Но ништо не може да го спречи падот на СДСМ, бидејќи граѓаните не поддржуваат криминал и насилие, се додава во соопштението.

Извор: lider.mk