ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фали со раст на платите, а тие растат со најниска стапка во регионот

0
11

Платите во Република Македонија растат со најниска стапка во регионот, објавува Комисијата за финансии на ВМРО – ДПМНЕ.

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, нето платите во Република Македонија за периодот јануари – ноември 2019 година забележаа раст од скромни 3,8%. Доколку направиме споредба со земјите во регионот, ќе забележиме дека стапката на раст во нашата земја е најниска во регионот.

Како што е презентирано на графиконот, стапката на раст на платите во Србија за периодот јануари-ноември 2019 година изнесува цели 10%, а во Бугарија и повеќе од 10%. Платите растат со најсилно темпо во Романија, објавува Комисијата за финансии на ВМРО – ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата на СДСМ, континуирано се фали со растот на платите во Република Македонија и шири лажни вести.

Но платата во РМ расте со пониска стапка и од Словенија, каде просечните нето плати се три пати повисоки. Легитимно е прашањето дали со проектите за субвенционирање на минималната плата (кој доживеа неуспех), како и со проектот за финансирање на порастот на платите (без никаква анализа на продуктивноста и одржливоста) каде отидоа сите овие пари ? Капитални инвестиции нема, платите растат со најниско темпо, извозот во последниот квартал од 2019 година се намалува…… Владата на СДСМ навистина е едно големо разочарување, објавува Комисијата за финансии на ВМРО – ДПМНЕ.