ВНИМАВАЈТЕ: Поради снежно невреме утре и задутре Македонците нема да можат да патуваат во Грција!

0
104

Забрана за влез на товарни возила во Република Грција поради очекувано невреме

Ги известуваме граѓаните на Македонија дека од 05.00 часот на 05.01.2020 до 24.00 на 06.01.2020, според добиените информации од грчките погранични служби, се воведува забрана за влез за сите товарни моторни возила во Република Грција, и тоа на граничните премини „Богородица“, „Стар Дојран“ и „Меџитлија“, со можност за нејзино продолжување.

Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.