Возачите сами ќе ги плаќаат новите таблички со ознаката NМК?

0
108

Министерството за внатрешни работи од понеделник ќе започне со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“. Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на автомобилите.

Нејасно е дали возачите ќе мораат да ги платат новите таблички, кои во моментов чинат по 1.200 денари како што е случај при прва регистрација или доколку старата е оштетена или изгубена.

По официјализирањето на договорот за името, возилата што излегуваа од земјава, на граничните премини добиваа бесплатна налепница со новата кратенка. Се очекува утре МВР да излезе со детали околу прашањето што ги интересира илјадниците возачи.

Извoр: skopjeinfo.mk