Во 1/8 нормална држава ќе имаше оставка на Влада, ама ние не сме ни толку (нормална) држава

0
45

Богдан Илиевски на Фејсбук направи анализа на денот потенцирајки дека во осмина нормална држава со такви случувања би имало оставка на Влада, но не сме нормална држава, истакнува во својот статус Илиевски.

ШТО СЕ СЛУЧИ ВО САМО ЕДЕН (единствен) ДЕН?

1. ***Институтот ИФИМЕС кој е на платен список на Влада на РМ како „надворешен соработник“ објавува „анализа“ дека РЕКЕТ не бил уствари рекет, туку „организиран напад од странски служби против НАТО аспирациите на Македонија“.

2. ***Судски совет го разрешува претседателот на Врховен суд, по јавното признание на Блерим Беџети (претс. на комисија за правда на ДУИ) дека ПРЕМИЕРОТ барал од него да влијае во Судски совет за (цитирам) „разрешување на претседател на еден суд“.

3. ***Писмото/наредбата кое противзаконски беше уважено од Министерство за правда и Јавното обвинителство, според извори од СЈО кои го брифирале професорот Калајџиев, било пишувано на компјутер!!! па допишувано со рака (односно ѝ било дадено скоро готово на Јанева на потпис)

4. ***Химната на Република Македонија „ДЕНЕС НАД МАКЕДОНИЈА“ е исфрлена од програма и повеќе нема да се изучува од страна на првачињата поради (цитирам повторно) „тоа што програмата е направена по уставните измени“

Во осмина-нормална држава, до 18:00 ќе имаше оставка на Влада. Ама ние не сме ни толку (нормална) држава.