Во 2020 во Дубаи се отвора „двојката“ од Атлантис – најелитниот и најлуксузен хотел на светот

0
58

Кога пред 11 години, во 2008 година во Дубаи беше отворен хотелот Атлантис, истиот веднаш стана синоним за богатство, раскош, луксуз и елитизам. Веќе на своето отворање стана магнет за славните и богати кои беа привлечени од бројните атракции на хотелот.

Но, новиот проект, Атлантис 2 би можел да го надмине оригиналот. Атлантис 2 би требало да биде готов кон крајот на 2020. година, а овој мегапроект ќе го чини Дубаи 1.4 милијарди долари. Ќе го гради компанијата Керзнер, која го направила и првиот Атлантис, а инаку тие се специјализирани за изградба на луксузни ресорти ширум светот.

Атлантис 2 ќе биде сместен до морето и ќе се простира на 63 хектари. Дизајнот на хотелот е величествен а доминира спа мостот кој ги спојува двете кули.

Комплексот започнал да се гради во 2014. година, а двете кули имаат различна намена. Едната е ресорт, а во другара ќе се наоѓаат резиденции, кои се наменети за продажба. Спа мостот со кој се спојуваат двете кули ќе биде полн со базени и оази за вежбање и опуштање.

Кулата која се однесува на ресортот, ќе има 795 соби на 43 ката, како и приватни клубови, ресторани и барови. Во делот за резиденции ќе има 231 апатман со од две до пет соби, а најниската почетна цена изнесува 2 милиони долари. Сите резиденции имаат градина со тераса и базен а станарите ќе имаат и приватна плажа.