ВРИЕ НА ФЕЈСБУК: Луѓето револтирани од гестот на Заев кој покажа „Еве ти го на“ и порача „Мало сутра”

0
1429

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во Прилеп на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски му порача дека нема да може да дојде на власт во април наредната година, притоа употребувајќи ја српската фраза „Мало сутра“ која што на времето ја употребуваше и Слободан Милошевиќ. Заев при користењето на изреката направи и гестикулација која е алузија на покажување машки полов орган со што на уште пониско ниво го симна и онака ниското ниво на политичка комуникација во земјата.

Ова предизвика вистинска бура од реакции на социјалните мрежи, од кои интегрално ви го пренесуваме најкрактеристичните, односно најоригиналните:

„Абе што не кажете дека железните опинци се соблечени? Јас пак го мислев, човекон цела година ги носи железните опинци ќе му страдаат колената, оти тежина не е шала…“, напиша универзитетската професорка Тања Каракамишева на Фејсбук

„Ова „мало сутра” му е стара финта од кампањата за локални во 2017-та.

А, сега сме 2019-та. Во меѓувреме ништо ново не смислил. Ни со раката, ни со речникот. Очај“, напиша новинарката Јоци на Фејсбук.

„Многу е невкусно кога премиерот на една држава промовира вака ниска политичка (не)култура, употребувајќи говор и вулгарни гестикулации од кои секој воспитан човек, без разлика на статус или образование, би се срамел! #ЗЗаминува“, напиша пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук.

„После правиот пат, добивме: „МАЛО СУТРА” за правда, за здравство, за плата 500 евра, за ЕУ, за економија, за инвестиции, за живот. Слободно дополнете листата е бесконечна…“, напиша судијата Владимир Панчевски на Фејсбук

„Mанирите низ векови…“, напиша режисерот Борис Дамовски на Фејсбук и сподели фотографија, со како што стои во описот, Фашистички, Комунистички и Комуњарски поздрави.

„Нобеловецот со поздрав до оние што го кандидираа до шведската Академија. #НаПравПат, а Kosta Kostadinov? #МалоСутра #НеСеСекирајЗаНиштоСеЌеБидеВоРед“, напиша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на Фејсбук означувајќи се дека е На прав пат.

„Кога наместо мозок, имаш свинска маст. п.с. Во кампања мислам ќе го извади“, напиша актерот Тони Михајловски на Фејсбук алудијарќи на насловот на Офф.нет „УШТЕ “ДА НИ ГО ИЗВАДИ” ЈАВНО“

„Премиер на земја АСПИРАНТ за членство во ЕУ!“, напиша карикатуристот Седо Перо на својот Фејсбук профил и објави карикатура на заев со симболизирање на неговата гестикулација за „Еве ти го на“ и изразот „Мало сутра”

Исто така на Фејсбук од многу профили се споделувани и следниве две фотографии, кои ги пренесуваме без интервенции (со извиунување за вулгарностите):