Гелева: Заев и СДС мора да сносат политичка одговорност – ја прокоцкаа шансата поради нивната корумпираност и прекумерна желба за власт по секоја цена

0
124

Заев и СДС мора да сносат политичка одговорност за големиот дебакл што ни се случи со недобивање датум за почеток на преговори со ЕУ. Оваа шанса ја прокоцкаа поради нивната корумпираност, прекумерна желба за власт по секоја цена, вообразеност за сопствената важност, криминогено раководење со државата, предавништво итн….Тука неодминливи виновници се и нивните колаборационисти во власта – ДУИ.

Сега е сосема јасно дека со обелоденувањето на аферата РЕКЕТ, Заев мораше да си поднесе оставка и можеби така ќе дадеше јасен сигнал за ЕУ дека во Македонија има сила која ќе се избори за спроведување на европските принципи на општествено организирање. Вака сите граѓани во Македонија станавме заложници на селскиот менталитет и суетност на Заев и ја испуштивме шансата за формално приближување кон Европа.

Затоа вистинскиот виновник за овој дебакл е Заев а не г. Макрон. И првиот треба веќе да е заминат од премиерската функција,.А на вториот му благодариме што имаше снага да ни покаже дека се потребни силни, способни и честити луѓе а не мафиози на чело на една држава.

Фејсбук објава на новинарката Емилија Гелева