Герет Бејл се скара со сите фудбалери на Реал и заминува, Милан на штрек и во пол позиција!

0
58

По двата порази на Реал во Ел Класико дуелите со Барселона и тоа на Бернабе, настана раздор во соблекувалната на кралскиот клуб и европскиот шампион.

Во прв план е Герет Бејл кој со останатите фудбалери на Реал има големо недоразбирање, а односите се драстично влошени.

Група фудбалери се незадоволни и од тренерот Сантијаго Солари, па така тензијата во соблекувалната на Реал Мадрид почнува да расте и да ескалира.

Фудбалерите не разбираат зошто Бејл бил вклучен во почетниот состав на Реал Мадрид против Барселона на „Сантијаго Бернабеу” во Ла лига, а потоа беше заменет во 61-та минута.

Незадоволството е поголемо со фактот дека откако бил сменет, тој седнал до Марсело, со кого поминал кратко време, а потоа се упатил во соблекувалната, за да се прибере дома, без да го дочека крајот на „Ел Класикото”.

Инаку Бејл е во Реал од 2013 година кој дојде од Тотенхем за рекорден трансфер.

Доколку замине Бејл, во пол позиција за неговиот потпис се Милан и Манчестер Јунајтед. Милан е подготвен да плати 100 милиони евра за неговите услуги.

Раководството на чело со Флорентино Перез се обидува да го задржи спокојството и трпението, откако продолжува да му гласа доверба на Солари и играчите, со надеж дека резултатите ќе бидат присутни во ЛШ.

Промени би можело да има доколку Реал Мадрид го загуби дуелот против Ајакс во осминафиналето од ЛШ.

Натпреварот се игра утревечер, а кралскиот клуб има предност од првиот дуел нагости со 2-1.