Героски: Oд страна на вработен во Владата на Заев бев физички следен

0
180

Новинарот Бранко Героски истакана дека изминатава година е мета на закани и следење од страна на поддржувачи на актуелната власт предводена од Социјал демократскиот сојуз. Тој посочи дека за нападите кон него го известил и поранешниот премиер Зоран Заев.

Па како што гледаме во последниот период јас сум цело време мета на такви напади, на многу жестоки напади. Во две прилики поднесов и кривични пријави до ОЈО едната е за конкретна директна многу сериозна закана. И токму деновиве се потсетувам да се распрашам до каде е работата. Наш колега буквално се закани и повика на бесење, нема метафори. Се работи за Тричковски, вели Героски.

Героски забележа дека добивал закани од членови на СДСМ, вработени во државните институции. -Имав закани од член на СДСМ. Имав закани од луѓе кои што беа документирани од страна на полицијата, некои од тие луѓе јавно се извинија. Ете јас ги прифатив некои од тие извинувања, тие луѓе беа вработени во државни институции, додава тој. Тој потенцираше дека агресијата кон него довела до докажано физичко следење од страна на вработен во Владата на Република Македонија за време на владеењето на Заев.

Како што гледаме таа вербална агресија продолжи кон мене, втората кривична пријава ја поднесов поради докажано дефинитивно, физичко следење од страна на вработен во Владата на Република Македонија, ангажиран во Владата на Република Македонија во едно од министерствата, вели Героски.

Извор: лидер.мк