Го викаат “златно млеко“ или “куркума лате“: Овој рецепт за здравјето е бомба

0
46

Куркумата веќе неколку години е многу популарен зачин, не само заради широко распространетата употреба во кулинарските уметности, туку и заради многуте здравствени придобивки.

Куркумата е познато дека има корисен ефект врз целото тело и е една од најсилните природни состојки. Исто така, има антиоксидантни својства, има позитивен ефект врз намалувањето на отокот, ги елиминира симптомите на депресија, ги подмладува и ги обновува мозочните клетки, помага при заболување од Алцхајмерова болест, деменција, помага кога има оштетување на мозочното ткиво и го забрзува закрепнувањето по мозочен удар. Покрај додавањето половина до една цела лажичка куркума на разни специјалитети, таа често се користи во комбинација со други зачини и храна. Една од најпопуларните мешавини, се разбира, е таканареченото “златно млеко”, кое ветува заштита од настинки, брза детоксикација на телото, но исто така е одличен помошник за слабеење. Имено, овој пијалок спречува напади на глад и поттикнува варење на исхраната, поради што луѓето веруваат дека е голем сојузник во диетите.Златното млеко се подготвува брзо и лесно.

Потребни состојки:1 чаша млеко. ½ лажички куркума во прав. 1-3 зрна бибер. 1 кардамом. За оние кои не знаат, кардамом изгледа вака:

Подготовка: Истурете го млекото во тенџере, додадете го биберот и кардамомот. Потоа додадете ја куркумата и промешајте додека смесата да стане златна.Загрејте ја смесата на средна топлина додека не почне да врие. Процедете го пијалакот во чаша, а потоа оставете да се излади пред да ја испиете. Ако сакате, додадете лажичка мед.

Извор: јавно.мк