Гради на мегдан и голо нараснато стомаче: Вака изгледа Јана Стојановска во шестиот месец од бременоста (фото)

0
120

Македонската актерка Јана Стојановска пред крајот на јуни го кажа судбоносното „да“ и заплива во брчаните води со кошаркарот на МЗТ Скопје, Андрија Бојиќ.

Свадбата на Андрија и Јана се одржа во еден ресторан во Белград, а младиот пар сега ужива во првите месеци од заедничкиот живот.

Тие за три месеци ќе станат и родители на нивното прво дете, за кое велат дека е машко. Додека да се реазлираат во нивните нови улоги кои носат многу обврски и одговорности парот ужива во заеднички одмор.

Јана деновиве позираше во бикини на плажа и го покажа трудничкото стомаче во шестиот месец од бременоста.

Со градите и трудничкото стомаче во прв план, Јана позираше на плажа, а под објавата се нижеа само позитивни коментари.

Актерката ги полни батериите пред да се реализира во една од најважните улоги, односно пред да стане мајка.

Јана и Андрија се запознале во Скопје, кога српскиот кошаркар пристигна во таборот на македонскиот шампион МЗТ пред две сезони.

Извор: vistina.com.mk