Гранде Пандев влезе во историјата на Серија А со неверојатна бројка!

0
41

Пандев денеска го запиша 400-ти настап во Серија А и стана само шестиот странец со вакво остварување во фудбалска Италија.

Пандев се запиша во историјата на италијанското Калчо и им се приклучи на Самир Хандановиќ, Марек Хамшик, Хозе Алтафини, Курт Хамрин и Хавиер Занети.

Македонскиот капитен речиси цела своја кариерата настапува во Италија, освои се што можеше да се освои во „Серија А“ преку настапите со Интер, Лацио, Наполи и Џенова каде сака да ја заврши кариерата.

Најмногу натпревари во италијанската Серија А, Пандев има одиграно за Лацио, 159, додека за Џенова досега има 82 меча.

Ако Пандев до крајот на тековниот шампионат продолжи да игра за Џенова, или ако игра уште една сезона во Серија А, тогаш може да се најде и меѓу 50-те фудбалери кои имаат најмногу настапи вооопшто во Сериа А.

Секоја чест мајсторе ти си македонската гордост во Европа и светот….