Груби не се чуствува навреден: Заев зборува за себе

0
40

Артан Груби вели дека изреката „Ние политичарите знаеме понекогаш да лупаме глупости“ е позната карактеристика за премиерот, истакнувајќи дека Заев ги кажал тие зборови за себе. Груби ова го нарекува саморефлексија и самокритичен момент на премиерот.

„Јас ценам дека изјавата на премиерот е за самиот себеси и е еден момент на само-рефлексија и самокритичност изразена од негова страна, за што гледаме, и која е проследено со извинувања подоцна. Но, сметам дека е соодветна карактеристика за премиерот“, рече Артан Груби, пренесува Тв Шења.

Оваа реакција на Груби доаѓа по изјавата на премиерот Зоран Заев запрашан од новинарите кое е неговото мислење, односно дали со законот за јазици невистина го обезбедува мирот во државата, Заев затекант од кажаното од страна на Груби рече дека политичарите понекогаш знаат и да лупаат глупости.

Извор: курир.мк