Груевски за Заев: Свесно манипулираше со народот, со семејствата на Нешковски, Младенов и убиените деца од Смилковско

0
84

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук објави статус во кој вели дека Заев свесно манипулира со народот со цел да го прикаже во најлошо светло.

„Свесно манипулираше со народот… Со семејствата на Мартин Нешковски, Никола Младенов, убиените деца кај Смилковското езеро, со искрените луѓе кои верува на се што слушаа и што им беше сервирано, но и со целата домашна и меѓународна јавност, домашни и странски медиуми и политичари.

Монтираниот аудио матерјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната “бомба” чија “ експлозија” требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел колкуминација на политичката криза која ја создаде.
Во таа криза ја гледаше својата шанса за доаѓање на власт, бидејќи поинаку беше инфериорен и беше и остана неконкурентен политичар надвор од локалното ниво, по речиси сите критериуми.

Ова не е прв ваков случај каде се гледа како манипулирал со снимките и со народот за да не прикаже во најлошо светло. Пред некоја недела се појави целовита снимка на веќе објавена снимка во скратена “Заева” верзија во која изоставил еден дел каде се гледа како наши високи функционери одбиле поткуп, кој Заев ни во сон не би го одбил.

Народот го измами со купишта вакви фабрикувани матерјали и измами.

Остана доследен само на ветувањето дека ќе ги прифати сите барања на соседите во однос на македонското национално прашање, а за возврат да добие поддршка да владее на ист начин како во што видовме како претходно владеел во Струмица. Но тоа ветување не беше кон народот чие мнозинство не можеше да поверува дека такво нешто е подготвен да направи исто како што многумина неверуваа дека е можно да монтирал снимени разговори за да добие ефект кој го посакува.

Прво монтирани снимки кои создаваат “експлозија од емоции” кај народот, а потоа по доаѓањето на власт нова измама преку притисок и наредба на судиите да ги прифатат овие монтирани снимки како клучни докази и шокантно и без објаснување како никаде во светот, да не прифатат нивно судско вештачење на нивната целовитост и автентичност.

Целта повторно монструозна и нечовечка: своите политички конкуренти да ги заглави по судови, притвори, затвори и да бидат уништени во секоја смисла. За да владее по неговиот испробан терк “едно евро за вицето” што подолго.

Баш фашистички монструозно.

Каков нечовек треба да е некој за вака да ги остварува своите цели?“, напиша Груевски на Фејсбук.

Извор: press24.mk