Грчева: Ќе ме утепаа што не гласав за Ката Прасиќи, а сега им е ин да плукаат по неа

0
67

Поранешната пратеничка и актуелна претседателка на Глас за Македонија, на својот фејсбук профил потсети на нападите кои ги добиваше затоа што се спротистави Катица Јанева да биде претседател на Специјалното јавно обвинителство. Таа напиша:

Сега им е “ин“ да пукаат во Ката Национале. А тогаш, само што не ме утепаа што сум зборувала на говорница против неа. На 3 телевизии ме викаа “да се правдам“ зошто не сум ја гласала само јас. Еден адвокат, кој сега гласно вреска, само што не ме натепа во студиото на ТВ21. Не бираше зборови со навреди дека “сум била на страна на криминалот“ поради мојот напад на Ката Прасиќи.

Така ќе биде и со нивниот Зоки, за кој и во самопослуга не можев да изезам без да чујам навреди дека сум ги напуштила. И уште трае таа глупост.
Ајде сега убаво сите до еден да ми се извинат. Има во државава и луѓе со мозок, а не со тиква наместо глава.

И да повторам, криминалот, од кој и да е, мора да се казни. Најсурово, а парите назад во буџет.