“Грчките Кариби“: Најубавата плажа на островот Тасос на која туристите ѝ замеруваат две работи

0
130

Доколку оваа година планирате да летувате на Тасос тогаш мора да ја посетите оваа плажа. Мермерната плажа која ја нарекуваат Салиара или Марбле е малку подалеку на грчкиот остров Тасос, но секако е вредно да ја посетите.

До неа води широк, прашлив пат по кој има мермер.

Oваа плажа се издвојува од останатите на Тасос со тоа што ја красат камчиња кои секогаш се ладни па затоа одењето по неа и тоа како е пријатно и во текот на високите температури.

Сигурно засекогаш ќе ви остане во сеќавање бојата на водата на оваа плажа. Подлогата е бела, а водата е нежно сина. Таа е мермерна плажа затоа многумина ја нарекуваат “грчки Кариби“.

Тоа што евентуално може да го наруши доживувањето на оваа плажа, која не е многу голема се гужвите кои се чести во текот на летната сезона. Многу туристи исто така се жалеле на високите цени за изнајмување лежалки и чадори за сонце.

 

View this post on Instagram

 

Marble Beach – Thassos Island . . #thassosisland #tasos #ostrvo #saliara #greekislands #nikana #limenas #grckaostrva #grckaletovanje #grcka2019

A post shared by Nikana.gr (@nikana.gr) on

Минатата сезона за две лежалки и чадори цената на Мермерната плажа биле 15 евра.

До пред неколку години постоело само едно кафуле на плажата, а туристите кои неодамна биле рекле дека сега има многу кафулиња кои дополнително создаваат гужва и ја нарушуваат природната убавина на ова место.

Во непосредна близина на Мермерната плажа има уште две преубави плажи на Тасос, Vathy и Porto Vathy.

По посетата на овие плажи бидете подготвени дека ќе мора да го измиете вашиот автомобил поради прашината на неуредниот пат, но посетата на ова место и тоа како се исплаќа.

 

View this post on Instagram

 

As “Marble Beach” or in Greek “Saliara” has become the number one beach to visit on Thassos and everyone wants to visit it, here are our best tips of how to reach this not so easy accessible yet exotic place. Have you been at Marble Beach? Comment us below! https://www.potostours.gr/blog/how-to-reach-marble-beach-on-thassos/#more-286 #marble #beach #marblebeach #saliara #thassos #thassos_island #thassos_greece #thassos🇬🇷 #island #beachlife #summer2019 #summerlovers #summerholidays #holidayescape #holidaymakers#summer #potoscars #potoscarrentals #since1988 www.rentacarpotos.gr

A post shared by Potos Car Rentals (@potoscarrentals) on