Дали противуставните небулози на Кацарска ја носат еден чекор поблиску до разрешувањето од позицијата судија?

0
9

Противуставните небулози на Добрила Кацарска укинати од Уставниот суд на Република Македонија кои стигнаа дури и до најпрестижните светски универзитети може да бидат елемент во една нова постапка за разрешување за судијката Добрила Кацарска.

Таа веќе еднаш годинава одговараше пред Судскиот совет за наводите поради кои сопругот на Гордана Јанкуловска, адвокатот Влатко Илиевски побара утврдување на одговорност за нестручно работење на Добрила Кацарска по 3 основи: пристрасност, повреда на одредбите за правично судење и повреда на судскиот кодекс односно дискриминација по основ пол и политичка припадност утврдена со мислење на Комисијата за спречување дискриминација.

Тој тогаш потенцираше дека уште пред самиот почетокот на судењето судијката Добрила Кацарска го повредило основното начело загарантирано во Кривичниот законик, пресумција на невиност, изјавувајќи дека обвинетата во случајот Тенк Гордана Јанкуловска го поттикнала Ѓоко Поповски да стори го кривично дело. Во однос на правата кои и биле ускратени на Јанкуловска во однос на бременоста, Илиевски додаде дека е повредно уставното право на мајчинство, правото на породилно отуство како и дека за 20 дена се одржале 12 рочишта за овој предмет, како и 3 рочишта за друг предмет.

Одлуката на Уставниот суд да ги укине казните кои Кацарска им ги изрече на адвокатите во случајот за 27-ми април, кои протестираа стоејќи и со молчење на немањето услови за одвивање на рочиштето за сослушување на загрозениот сведок, е само еден од елементите кои може да бидат содржани во нова постапка за несовесно и нестручно работење на Добрила Кацарска.

За предметот „27 Април“ повреди на на правата на обвинетите и нивните адвокати забележаа и од Коалицијата „Сите за правично судење“.

„КОАЛИЦИЈАТА ВЕЌЕ НЕКОЛКУ ПАТИ РЕАГИРА СО ЦЕЛ ДА УКАЖЕ НА ГУБЕЊЕТО НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЦЕСОТ НА СМЕТКА НА БРЗИНАТА НА ПРОЦЕСОТ, ШТО БЕШЕ АНАЛИЗИРАНО ПРЕКУ ПРАВОТО НА СУДЕЊЕ ВО РАЗУМЕН РОК, ПРАВОТО НА АДЕКВАТНО ВРЕМЕ И ПРОСТОРИИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ОДБРАНАТА (ОСОБЕНО КОГА ОБВИНЕТИТЕ СЕ ВО ПРИТВОР), КАКО И СПОСОБНОСТА НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ПОСТАПКАТА СООДВЕТНО ДА ЈА ПРЕЗЕНТИРААТ СВОЈАТА ТЕОРИЈА НА СЛУЧАЈ, НО И СПОСОБНОСТА НА СУДОТ ДА ЈА СЛЕДИ РАСПРАВАТА СО ДОЛЖНО ВНИМАНИЕ“, СООПШТИЈА ОД СИТЕ ЗА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ.

Маратонските рочишта закажувани и водени од Кацарска се најдoa и во месечниот извештај за состојбата со човековите права на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Најголемата повреда во многуте за кои тековно реагираа обвинетите и нивните адвокати сепак е носењето на пресудата во случајот за 27-ми април. Во пресудата еден од најбруталните примери за кршење на секоја правна логика и одредби од Законот за кривична постапка е тоа што Кацарска меѓу главните докази при носење на пресудата го зеде сведочењето на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, а не на сведоците во случајот кои за разлика од обвинетите, даваат заклетва дека ќе ја говорат вистината.

Индикативно е што Кацарска во водењето на процесот оставаше впечаток дека е „соработник“ на Вилма Рускоска, односно дека сака по секоја цена да и помогне на Рускоска во осудителни пресуди за обвинетите за безумната правна квалификација „терористичко загрозување на Уставниот поредок“. Самата пресуда во која се цитира како релевантен доказ изјавата на Нинџа, познат по своите чести менувања на искази пред Обвинителството во овој но и претходни случаи, ги отвора овие сомнежи.

Со одлуката на Уставниот суд да ги укине казните на Кацарска се наведува дека казните од судијката се повреда на уставното право на слобода на мислата и на јавното изразување на мислата. Самата оваа одлука, без дополнителните повреди на постапката и правата на обвинетите и нивните адвокати, е доволен основ за разрешување, вели професорот Димче Апасиев.

Кацарска стана повторно актуелна откако еден од најпрестижните универзитети во светот го објави јавно случајот со укинатите казни од Уставнот суд како пример кога Уставен суд одлучил за поединечен правен акт со кој се вршела повреда на право загарантирано според Европската конвенција за човекови слободи и права. Имајќи ги предвид сите овие факти, стручната јавност со право може да го постави прашањето КОГА, а не ДАЛИ ќе биде разрешена Кацарска.

Извор: република.мк