Дали сте слушнале за вирусот Ryuk? Досега хакери успеале да „заработат“ над 3 милиони долари

0
367

Со внимателно планирање и напад на цели исклучиво од висок профил, хакери со уценување за помалку од пет месеци успеале да „заработат“ над 3 милиони долари.

Хакерите со помош на вирусот, односно со ренсомверот Ryuk не само што ги нападнаа најголемите медиумски куќи во САД, туку успеале со помош на уцени да изнудат импресивен износ на пари.

Според безбедносните компании CrowdStrike и FireEye, хакерите од август минатата година, во вкупно 52 исплати, успеале да заработат 3,7 милиони евра во Биткоин. Аналитичарите тврдат дека клучот на успехот на хакерите била нивната трпеливост и фокусирањето на „големи мети“, пренесува Engadget.

Процесот на „заразување“ започнува со напад преку TricBot малверот кој што најчесто се шири преку мејлови и овозможува пристап до компјутерот на жртвата. Хакерите најпрвин прават преглед на компјутерот и доколку проценат дека заработката не би била доволно голема, тогаш се откажуваат од нападот.

Хакерите кои што стојат за Ryuk се многу внимателни и дури чекале и по неколку месеци за енкриптирање на системот. До денес не е познато кој стои зад овој ренсомвер, а според безбедносните експерти, речиси сигурно е дека станува збор за хакери од Русија.

Како и да е, јасно е дека ренсомверот зема огромен замав за да биде игнориран, па наскоро покрај медиуми и обични луѓе, на мета можат да се најдат големите корпорации, па дури и цели држави.