Дане Талески ја презема функцијата на Стево Пендаровски

0
60

Функцијата национален координатор за НАТО, која му припаѓаше на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, ја презеде советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески.

Владата го разгледа и усвои Полугодишниот извештај за статусот на реализација на приоритетите на Македонија за влез во НАТО, и го задолжи Министерството за надворешни работи извештајот да го достави до земјите членки на НАТО и до службите на Алијансата. На седницата Владата на Стево Пендаровски, досегашен национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, му утврди престанок на функцијата поради изборот за Претседател на Македонија, согласно член 83 од Уставот, според кој должноста Претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.

– На седницата Владата е усвоена информацијата дека до целосно полноправно членство на нашата земја во НАТО, обврските на Националниот координатор за подготовките на Република Северна Македонија за членство во НАТО ги презема Дане Талески, советник за надворешна политика на Претседателот на Владата, Зоран Заев. – велат од Владата.