Даночниот систем и приказната со 10 колеги кои одат заедно на пиво

0
75

Да претпоставиме дека секој ден 10 колеги одат заедно на пиво. Сметката секој ден изнесува 100 долари. Кога би го плаќале пивото по принцип прогресивен данок на доход, тоа би изгледало отприлика вака:

Првите четворица најсиромашни не би платиле ништо.

  • Петтиот би платил 1 долар.
  • Шестиот би платил 3 долари.
  • Седмиот би платил 7 долари.
  • Осмиот би платил 12 долари.
  • Деветтиот би платил 18 долари.
  • Најбогатиот би платил 59 долари.

Сите се сложиле со ова и некое време се така функционирало. Еден ден сопственикот на пабот, одлучил да им даде попуст со оглед на тоа дека се редовни гости, и сега вкупната сметка изнесувала 80 долари. Затоа што друштвото и понатаму сакало да ја плаќа сметката спрема досегашниот принцип, сопственикот им предложил на секој поединец да му го намали претходниот износ за поголем процент колку е тој посиромашен. И така се договориле.

Првите четворица, а сега и петтиот, не плаќале ништо (100% заштеда)

  • Шестиот сега плаќал 2 долари наместо 3 долари (33% заштеда)
  • Седмиот сега плаќал 5 долари наместо 7 долари (28% заштеда)
  • Осмиот сега плаќал 9 долари наместо 12 долари (25% заштеда)
  • Деветтиот плаќал 14 долари наместо 18 долари (22% заштеда)
  • Десеттиот плаќал 49 долари наместо 59 долари (16% заштеда).

Сега 5 членови плаќале помалку откколку претходно, односно нивната позиција им се поправила, а останатите петторица и понатаму не плаќале ништо. Но кога искочиле на улица групата почнала да се расправа за ситуацијата и да ја споредуват заштедата.

Јас добив само долар од тие 20 долари заштеда, кажува шестото лице. Вперувајќи го прстот на десетото лице и продолжил: “Тој доби 10 долари!” Петтата особа извика: ” Точно, во право е. Јас исто така заштедив само еден долар. Не е фер тој да добие 10 пати повеќе од мене. “Седмата особа се надоврза “Зошто тој да добие 10 долари, кога јас добив само 2 долара? Ова им иде од рака на богатите.” Тогаш и првите четворица им се придружиле ” Ова е вистина! Ние не добивме ништо. Со ваков систем богатите ги експлоатираат сиромашните”

Следниот ден, десеттата особа не се појавила во пабот. Кога дојде сметката преостанатите деветмина, сфатиле една работа: немале доволни пари за плаќање ниту на пола од сметката.

Така и даночниот систем функционира. Луѓето кои плаќаат најмногу данок ќе добијат и најголема корист ако стапката се намали. Дококу ги одданочиме премногу, и напаѓаме зошто се богати, еднаш може ќе одлучат повеќе да не се појавуваат. Односно можеби ќе пијат пиво на другата страна од границата, каде атмосферата е малку попривлечна.

Оваа приказна со години се појавува на интернет на различни јазици. Прв пат е објавена во весникот Chicago Tribune во 2001 година, во рубриката Гласот на народот. Авторот непознат.