Дизелот не е мртов: Audi SQ5 TDI го докажа тоа

0
96

Иако дизелот во последните неколку години се бори со тешки критики и често го бие лош глас, овој вид на погон и понатаму е актуелен кај производителите, посебно кај европските компании. Една од нив е Audi, која неодамна го претстави моделот SQ5 TDI.

Продажбата на автомобили со дизелски погон на територијата на Европа падна за 30%, но и покрај тоа големите компании продолжика да произведуваат нови возила со дизел агрегати.

Еден од главните иницијатори за продолжување на производството на дизел возила е германскиот Audi, член на познатата Volkswagen Group, кој воедно е и еден од најголемите виновници за лошиот глас кој го следи дизелот низ овие години.

Но, голем дел од пазарот и понатаму има силен апетит за TDI агрегати, па дури и во класата возила со високи перформанси, што Audi го искористи и го претстави новиот SQ5 TDI SUV. Овој модел располага со 342 коњски сили и 700 Nm вртежен момент кој доаѓа од 3,0-литарскиот V6 агрегат со блага хибридна поддршка во вид на 48-волтен електричен систем.

Во комбинација со осумстепениот типтроник менувач и погон на сите четири тркала, SQ5 TDI забрзува од 0 до 100 км/ за само 5,1 секунда, а има електронски ограничена максимална брзина од 250 км/ч.