Дилемата е решена: Дали треба да пиете кафе на празен желудник?

0
74

Нашиот омилен утрински пијалок кој нè „буди“, во последно време често се споменува во контекст на здравје и се нагласуваат предностите кои ги има огранизмот од него, но ретко се зборува за негативните последици кои може да ги имаме, ако го пиеме на празен желудник.

Нормално, сигурно познавате некој кој „не може да функционира“ додека не го испие првото утринско кафе, а можеби и самите вие сте меѓу нив.

Такви има многумина, а не се ретки ниту оние кои тврдат дека без утринското кафе, воглавно на празен желудник, се немоќни, поспани, слабо сконцентрирани, со намалени способности од секој вид…

Позитивните ефекти од кафето се бројни и несомнени. Но, научниците тврдат дека никако не е добро да се консумира кафе на празен желудник.

Имено, според истражувањата, особено е штетно за луѓето кои и без него имаат проблеми со желудникот. Празниот желудник „помага“ во создавање на желудечна киселина, што може да доведе до непријатности за време на варењето на храната.

Исто така протеините кои притоа не се варат доведуваат и до останати потешкотии како што се надуеност или повраќање. Затоа, најдобро е кафето да се пие после оброк, за да се прескокнат сите проблеми, без разлика дали ќе јадете овошје или парче леб.