Димовски: Спасовски треба да си даде оставка, а не Мизрахи, точката веднаш да се симне!

0
25

Пратеникот Илија Димовски побара да се симне точка од дневен ред за резрешување на министерката Рашела Мизрахи, мнозинството пратениците гласаа против.

Димовски побара Оливер Спасовски да си поднесе оставка, а не да бара оставка од Мизрахи, бидејки како што кажа таа го нема прекршено Преспанскиот договор, додека Спасовки го има и тоа во повеќе наврати.

Мизрахи го нема прекршено Преспанскиот договор. Спасовски го има прекрешено Договорот и тоа во полза на Грција. Договорот вели: сите материјали и документи ќе се усогласат со новото име кога ќе биде отворено соодветното поглавје во преговорите со Европската унија.

Поглавјето за труд и социјала не е отворено. Вие Спасовски го имате прекршено Преспанскиот договор и тоа во полза на Грција.

Ниту поглавјето за внатрешни работи не е отворено, а вие издавате документи со новото име. Затоа предлагам разрешувањето на Мизрахи да се симне од дневен ред, и вие Спасовски да си поднесете оставка поради прекршување на Преспанскиот договор и тоа на штета на својата земја, рече Димовски.

Извор: република.мк